Формула 1 во трка за алтернативни био горива

Published by admin on

 

Био горивата, иако како контроверзно алтернативно гориво скоро ќе се најдат како замена на постоечките фосилни горива во Формула 1.
Организаторите на светскиот шампионат во Формула 1, најавија почеток на тестирање на еколошко гориво, направено целосно од био отпад.
Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) објави дека првите буриња со 100% одржливо гориво се веќе доставени од производителите на енергетската единица за тестирање и одобрување.
Иницијативата е дел од заложбата на раководното тело, да овие супермоќни автомобили постанат дел од трката со неутралниот јаглерод за нето-нула емисии до 2030 година.
„Формула 1 долго време служеше како платформа за воведување технолошки напредувања на следната генерација во автомобилскиот свет“, рече Рос Браун, управен директор на моторни спортови, Формула 1. „Ние сме воодушевени од моментумот на одржливи горива што совршено се усогласува со нашиот план за да биде нето-нула јаглерод во автомобилскиот спорт до 2030 година“.
„Нашиот врвен приоритет за одржливост сега е градење патоказ за хибридниот мотор што ги намалува емисиите и има реална корист за патните автомобили. Веруваме дека имаме можност да го сториме тоа со мотор од следната генерација кој комбинира хибридна технологија со одржливи горива“.
Организаторите веруваат дека шампионатот може да генерира огромни еколошки придобивки со тоа што ќе стане бојно поле во однос на технологијата за гориво.
Од производителите на мотори Ф1 е побарано да го тестираат и потврдат горивото за да покажат дека технологијата може да се користи во трки, за да во иднина користат целосно одржливо гориво внесено во следниот пакет на правила.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

%d bloggers like this: