Евтина енергија, евтин производ, моќна економија

Published by admin on

 

Додека ние многу скептично размислуваме за чекорите на нашите постапки и со тешка мака го надминуваме вродениот конзерватизам кон новите технологии, останатиот цивилизиран свет планира во 2021 година во нив да инвестира над 500 милијарди USD годишно, во изведба на соларни системи, со цел да ги надминат нафтата и гасот како енергетски горива.
Аналитичарите од глобалната консултанска куќа ‘’Pricewaterhouse Coopers’’ издаде општо економско предвидување за 2021 година фокусирајќи се на климатските и енергетските политики како и на генералната политика.
Светот во 2021 година економски ќе биде повлечен поради Ковид ситуацијата, додека индустријата за соларни фотоволтаици ќе продолжи рапидно да расте, за да на крајот ги надмине нафтата и гасот како енергетски суровини.
Според своите економски изгледи за оваа година, аналитичарите веруваат дека глобалниот бруто домашен производ (БДП), претежно ќе се врати назад кон претходната ситуација, бидејќи се очекува САД да потпишат договор во Парискиот договор, при што компаниите за обновлива енергија се на пат да забележат уште една успешна година. Европската Унија, Индија, Америка и Кина се очекува да продолжат по своите траектории на последователна декарбонизација.
Земјите членки во ЕУ до мај ќе ги поднесат своите национални планови за промена кон зелените технологии и економии.
Према тоа за достигнување на оваа цел ЕУ ќе стави на располагање 0.5% од БДП во еврозоната, за да ја забрза реализиацијата на своите планови и го поддржи овој напор со дополнителни грантови од 5% од БДП за еврозоната за 5 години, а тоа се 65 милијарди и 650 милијарди соодветно.
Згора на тоа доаѓа и 13-тиот годишен план на Кина, во кој се очекува да вклучува амбициозни планови за обновливата енергија.
Покоординативен глобален притисок може да се очекува и на состанокот на СОР26 што е планиран да се одржи во Глазгов (Шкотска) подоцна во оваа година.
Консултантите сметаат дека 57% од вкупната актива на европскиот заеднички фонд може да се чува во фондови што ги разгледуваат критериумите за животна средина, социјала и уптравување (ESG) до 2025 година.
Сите договорни амбиции и проекти во комбинација со готовината што може да биде достапна, се очекува да вроди со максимален плод.
Значително сончевиот PV ќе расте со брзо темпо во ЕУ, Индија, Америка и Кина, и према тоа реално се очекува дека природниот гас во 2023 година и јагленот во 2024 година да ги надмине како најголем снабдувач на електрична енегија на глобално ниво.
Дополнително, цените за нафтата се влошија за време на кризата, бидејќи во светот се забележа драстично намалување на употребата на автомобили, како и купувањето на огромен број на нови автомобили на електричен погон, така да до 2030 година се очекува во многу земји потполна декарбонизација и отфрлување на фосилните горива во корист на обновливите извори на енергија.
Според овие глобални анализи се поставува што е тоа што нас не спречува навремено будење од длабокиот повеќедецениски економски сон и конечно застанеме рамо до рамо со останатите будни земји, кои навремено ќе си се обезбедат со свои сопствени енергетски извори, без да зависат од високите увозни цени за електрична енергија.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *