Еволуција на авионските горива

Published by admin on

 

Почетокот на електричната авијација е пред нас, но ќе потрае уште многу години пред да почниме да летаме со комерцијални патнички авиони со чисто електричен погон.
Во меѓувреме, научниците се обидуваат комерцијалните авиони што сега ги користиме да ги направат што поодржливи, а еден од најдобрите начини да се направи тоа е да се смени видот на горивото што тие го трошат.
Наместо при согорувањето да создаваат СО2 во атмосферата, истражувачите од Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Кембриџ, во Велика Британија сега најдоа начин како авионите да го фатат овој гас од воздухот и да го користат како гориво, со помош на многу евтин катализатор на база на железо.
Наместо да се создаде целосна флота на електрични авиони, за што ќе бидат потребни огромни скокови во авионската технологија, како и складирање на енергијата во батерии, овој каталитички процес обезбедува не само ублажување на емисиите на СО2, туку и производство на обновливо и одржливо авионско гориво.
При лет, авионите согоруваат фосилни горива, јаглеводородите што ги содржат се претвораат во јаглероден диоксид и вода, ослободувајќи енергија.
Новиот систем во суштина го претвора овој природен процес обратно пропорционален и може да функционира како кружна економија на јаглеродот, кој може дефинитивно да биде нешто што може да се наречи иднина на авионските горива.
Катализаторот за оваа импресивна хемиска реакција е составен од железо, манган и калиум, кои ги има во обилни количини на Земјата.
Катализаторот лесно се комбинира со водородот при што се добива моќно гориво за млазните мотори.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *