Енергијата создадена од ветер и сонце двојно ќе се зголеми

Published by admin on

 

Најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (IEA) за обновливи извори, објавен во ноември 2020 година, покажува дека капацитетот на ветерот и сонцето ќе се удвојат во следните пет години на глобално ниво.
Ова ќе им овозможи на овие два обновливи извори на енергија да го надминат гасот до 2023 година и јагленот до 2024 година.
Агенцијата изработи анализа која го разгледа влијанието на COVID-19 врз развојот на обновливите извори на енергија.
Нивните бројки покажуваат дека пандемијата влијае, но не го запира растечкиот тренд на обновливите извори, при што апетитот на инвеститорите постанува се поголем.
Аукции за обновлива енергија, повици за тендери за инсталирање на одреден капацитет на електрична енергија базирана на обновлива енергија, всушност многукратно пораснаа во периодот меѓу јануари и октомври 2020 година, во однос на истиот период во 2019 година.
Според предвидувањата, се верува дека се очекува инсталација на 130 GW, моќ на соларни системи која се додава за секоја година одделно во периодот меѓу 2023 – 2025 година.
И покрај влијанието на КОВИД-19, глобалната побарувачка на енергија само се намали за околу 5-8%, поради кое цената за електрична енергија падна за 2 %.
Поради кризата се создаде проблем во побарувачката на фосилни горива, но во меѓувреме, се очекува обновливите извори на енергија да пораснат за околу 7% за последнава година.
Технологијата за обновливи извори се очекува да се усовршува и расте, со тоа што Европа и Индија водат во она што во извештајот се нарекува ‘’Бран на обновливи извори‘’ управувано од зелените фондови за обновување.
За жал, растот на обновливиот сектор во следните години во голема мера ќе зависи од политиките воспоставени од локалните и глобалните политички лидери.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *