Електричните автобуси се попопуларни во Романија

Published by admin on

Констанца Сити – Романија, во јануари ја направи првата нарачка за 20 електрични автобуси од кинескиот производител BYD .
Кратко по својата прва нарачка за електрични автобуси во Романија во јануари, BYD ја објави новата нарачка за 20 чисто-електрични 12-метарски нископодни е-автобуси за градот Констанца на брегот на Црното Море, кои наскоро треба да пристигнат и бидат во функција.
Со оваа нарачка се обезбедуваат докази за брзото навлегување на елекронската мобилност во Романија, како и способноста на BYD да гради успешни долгорочни партнерства на пазарите во развој.
Автобусите ќе бидат произведени и испорачани преку партнерот на BYD во Комаром, во соседната Унгарија.
И покрај пандемијата COVID-19, BYD постојано ги постигнува своите распореди за производство и испорака за операторите со јавен транспорт низ цела Европа. Исто така ја снабдува новата флота на Констанца со комбинација на инфраструктура за брзо дневно и ноќно полнење, подвлекувајќи ја можноста за управување со енергија и технологија на батерии, како и дизајн и производство на возила.
Во најскоро време следат нови договори за нарачка и за другите романски градови да воведат е-мобилност за своите граѓани и да ги реализираат придобивките од безбеден, сигурен, удобен и пред се чист јавен превоз.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

%d bloggers like this: