Германската државна агенција за енергетски мрежи Bundesnetzagentur, објави дека до декември 2020 година се инсталирани нов капацитет од 525 MW фотоволтаични системи.
Системите генерално се со единечна моќ која не надминува 750 kW.
За споредба, новоинсталираниот PV капацитет во декември 2019 година беше 339.4 MW, во 2018 година 296 MW и 175 MW за 2017 година соодветно.
Како резултат на силниот раст регистриран во изминатите месеци тарифите се намалуваат за 1.4%, со што цените ќе се движат од 0.0804 – 0.0553 евра/kWh, во зависност од големината на системот.
Со неодамнешната реформа на Erneuerbare-Energien-Gesetz (ЕЕG) стапи на сила нов механизам за дегресија FIT. Овие нови одредби се однесуваат за сопствениците на PV системи од 300 – 750 kW на кои им се понудени две различни опции: градење на нивните соларни проекти според тендерската шема за исклучива продажба во енергетската мрежа без да им биде дозволено користење на таа енергија за свои потреби, а другата опција која е за системи до 300 kW, кои се дизајнирани и градени исклучиво само за своите потреби на инвеститорите, а само мал процент во вид на вишок, да биде продаден во енергетската мрежа.
Некои од најголемите светски иновации се создадени случајно, а ова можеби е најновото што ќе се додаде на таа листа. Студентка на Универзитетот во Калифорнија во Ирвин случајно открила батерија на полнење која може да Read more…
Хемиски инженери од École polytechnique fédérale de Lozanne (EPFL) развија транспарентна, порозна и спроводлива електрода на соларна енергија, која користи влезен проток на влажен воздух за производство на H2. Подлогата на електродата е тродимензионална мрежа Read more…
Европската вселенска агенција (ESA) преку проектот SOLARIS ги истражува сите иновативни технологии кои можат да се користат за примена на сончевата вселенска енергија во пракса, односно безжично пренесување на која било област на Земјата. Еден Read more…
0 Comments