Дали ќе ја изгубиме прашумата во Конго – втората по големина во светот

Published by Zoran Mitreski on

Дождовната шума во Басенот на Конго се наоѓа во Африка и претставува една од најважните дивини оставени на Земјата.
Таа се простира низ 6 земји: Камерун, Централноафриканска Република Конго, Република Конго, Екваторијална Гвинеја и Габон. Загрозените видови како што се шумските слонови, шимпанзата, планинските горилa и многу други, сите го нарекуваат ова место “свој дом”.
Овде може да се најдат околу 10,000 видови тропски растенија (30% единствени во регионот), 1,000 видови птици и 700 видови риби. Басенот на Конго му служел на човештвото повеќе од 50,000 години а денес обезбедува засолниште за повеќе од 75 милиони луѓе.
Од клучно значење е да се одржуваат прашумите на нашата планета. Освен што се домаќини на голем број на растенија и животни со голема разновидност, тие преработуваат големи количини на јаглерод диоксид.
Демократска Република Конго во моментов планира да ја укине својата долгорочна забрана за сеча. Плантажите со палмино масло и другите комерцијални земјоделски култури се во голем пораст и вршат се поголем притисок врз реките и шумите на Конго. На пример, Националниот парк Вирунга (најстариот во Африка) е обесшумен благодарение на зголемената побарувачка за огревно дрво и јаглен. Најголемата надеж за прашумите на Конго доаѓа од индустриските насади, особено, производството на палмино масло, гума и шеќер.
Истражувачите велат дека ако трендовите на масовната сеча не се забават, можеби нема да остане примарна прашума во Конго до 2100 година.
Како што спомнавме погоре, во басенот на Конго има огромно количество јаглерод диоксид. Со својата големина од 3,7 милиони квадратни километри, успева да складира околу 10 години еквивалент на глобална емисија на јаглерод.
Ако шумата исчезне тоа ќе значи дека целиот тој јаглерод ќе оди во атмосферата а тоа ќе значи дека ќе може да ја изгубиме борбата против климатските промени. Дождовната шума во басенот на Конго е срцето и белите дробови на Африка. Таа помага да се регулираат врнежите и да се одржи стабилноста на афричкиот континент.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *