Глобалниот снабдувач на системи чистење на соларни модули SunBrush Mobil го лансираше новиот зимски комплет за чистење на снег до 10 см од соларните модули на едно возење.
Првите неколку произведени зимски комплети веќе неколку недели работат во Казахстан, во најголемата соларна фарма во Централна Азија – Саран.
Оваа централа е инсталирана од Голдбек Солар со моќ од 100 MW, со обврска и грижа за чистење на повеќе од 300.000 соларни модули.
Сите се импресионирани од брзината и ефикасноста за чистење на паркот за време на зимскиот период во Казахстан, каде паѓа снег скоро цели четири месеци преку зимскиот период.
Поради употребата на уредите за чистење на соларните модули, перформансите на постројката многукратно ќе бидат подобрени.
Централното дел на новиот комплет се алуминиумските сечила за дефлектор на снег, кои го одвлекуваат снегот подалеку од модулите од двете страни на четката, како машина за чистење на снег, така да за многу кратко време снегот се чисти со четката без потреба од дополнителни средства за чистење.
Секој преостанат мраз се топи веднаш штом снегот исчезне, бидејќи модулот се загрева додека произведува електрична енергија.
Некои од најголемите светски иновации се создадени случајно, а ова можеби е најновото што ќе се додаде на таа листа. Студентка на Универзитетот во Калифорнија во Ирвин случајно открила батерија на полнење која може да Read more…
Хемиски инженери од École polytechnique fédérale de Lozanne (EPFL) развија транспарентна, порозна и спроводлива електрода на соларна енергија, која користи влезен проток на влажен воздух за производство на H2. Подлогата на електродата е тродимензионална мрежа Read more…
Европската вселенска агенција (ESA) преку проектот SOLARIS ги истражува сите иновативни технологии кои можат да се користат за примена на сончевата вселенска енергија во пракса, односно безжично пренесување на која било област на Земјата. Еден Read more…
0 Comments