British Petrol драстично го намали својот тим за истражување на нови извори

Published by admin on

Колосалната нафтена компанија BRITISH PETROL го намали својот тим за истражување на нафта и гас на повеќе од 700 геолози, инженери и научници на помалку од 100, бидејќи новиот извршен директор Бернард Луни започна со реорганизација на работењето на компанијата како одговор на климатската криза.
„Стотици вработени го напуштија тимот за истражување на нафта во последните месеци, некои беа префрлени да помогнат во развој на нови активности со ниско ниво на јаглерод или беа отпуштени“, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на сегашни и поранешни вработени.
„Егзодусот е најостар знак досега од внатрешноста на компанијата за брзото оддалечување од нафтата и гасот, што сепак ќе биде нејзин главен извор на готовина за финансирање на премин кон обновливи извори за најмалку до следната деценија“.
Ненадејната промена на акцентот „означува крај на една ера за истражувачки тимови од Москва и Хјустон до истражувачкиот штаб на БП во Санбери близу Лондон, со прошталните собири одржани на Зум во последните месеци“, пишува Ројтерс. Промените во персоналот не беа објавени во јавноста, а БП одби коментар за сторијата.
БП укинува околу 10.000 работни места, околу 15% од својата работна сила, под реструктуирањето на Луни, најагресивниот меѓу европските нафтени гиганти, вклучувајќи ги Ројалд Холанд Шел и Тотал.
Ова се неизбежни мерки поради бруталниот пад на цената на акциите за 44% во 2020 година.
Луни планира да го намали дневното производство на нафта на БП за милион барели дневно во текот на следната деценија, истовремено зголемувајќи го производството на обновлива енергија за 20 пати.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

%d bloggers like this: