Бесплатната енергија е насекаде околу нас во неограничени количини

Published by admin on

Во историските записи евидентирано е дека првата употреба на геотермалната енергија се случила пред повеќе од 10.000 години во Северна Америка од страна на американските палео – индијанци. Луѓето користеле топла вода од топлите извори за готвење, капење и чистење.
Првата индустриска употреба на геотермална енергија започнала во близина на Пиза – Италија кон крајот на 18 век.
Денес, повеќе од 13 Гигавати енергија во светот потекнуваат од геотермално производство, која енергија се извлекува по границите меѓу тектонските плочи, водена пареа со над 200 Целзиусови степени, која се извлекува на површината од длабочина 3 – 5.000 метри.
Неодамнешните пресметки претпоставуваат дека геотермалната енергија расте од 0.66% од глобалното производство до 4.9% кое се планира да биде до 2050 година.
Овој раст може да ги намали емисиите за 16.6 Гигатони СО2 и да заштеди 1 трилион долари во трошоците на енергија во текот на 30 години, и 2.1 трилиони американски долари во целиот животен век на инфраструктурата.
За разлика од инсталациите за ветер и соларната енергија кои можат да се градат апсолутно насекаде, геотермалните централи можат да се градат само на посебни геолошки локации.
За да се дојде до најдобрите локации рентабилни за експлоатација, потребни се многу дупчења и испитувања кои се по многу висока цена.
EGS технологијата има потенцијал за пристап до огромните ресурси на топлина на големи длабочини во земјата.
Оваа иновација може драматично да го зголеми географскиот опсег на геотермална енергија и да помогне во пронаоѓањето на потенцијалните резервоари за експоатација.
Експлоатацијата на оваа енергија има придобивка да се одвива во сите часови и под скоро сите временски услови. Системите се апслолутно сигурни и ефикасни а самиот извор на топлина е бесплатен.
Постои потенцијал до 2050 година барем десеткратно да се зголеми глобалното производство на топлина и електрична енергија од геотермалната енергија, како главен придонес кон глобалните напори за намалување на емисиите на јаглерод, користејќи сигурен извор на енергија што е достапен низ целиот свет, секој ден од годината, бидејќи не се менува со времето или сезоната.
Според здружението за геотермална енергија, 39 земји би можеле да снабдуваат 100% од потребите за електрична енергија за свои потреби од геотермална енергија, но за жал искористени се само 6 до 7 проценти од светската потенцијална геотермална енергија.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *