Албанија објави тендер за соларен парк од 100 MW

Published by admin on

Владата на Албанија распиша тендер за третата соларна централа во земјата со инсталирана моќ од 100 MW, која ќе биде изградена во близина на Драч, пристанишен град на Јадранското Море во западна Албанија.
Централата ќе биде изградена на местото на локалната болница и ќе зафаќа површина од околу 120 хектари.
70% од произведената електрична енергија ќе биде продадена на албанската компанија за струја ‘’Оператори и Шпендарјес’’ на ‘’Енергија на електроника’’ под 15 годишен договор, додека останатите 30% ќе се продаваат на слободниот пазар или преку билатерални договори со други фирми.
Максималната цена за тендерот, чии конечни резултати ќе бидат објавени на 2-ри март 2021 година, е утврдена на 55 евра/MWh.
Заинтересираните инвеститори ќе имаат време до 1 фeвруари да ги достават своите понуди.
Албанските власти досега одржаа два тендери за големи PV проекти.
Првиот за соларен парк од 100 MW, го освои Индија Пауер во ноември 2018 година. Половина од тој проект доби годишна тарифа од 59.9 евра/MWh, а преостанатиот биланс е продаден на малопродажниот пазар на електрична енергија.
Вториот тендер за проект од 140 MW, е во областа Караваста, во центарот на земјата, беше објавен во јануари 2020 година. Француската компанија за соларна енергија Волталија го доби проектот во мај, благодарејќи на понудата од само 0.02489 евра/KWh.
Албанија, исто така ги подржува инсталациите на покривните површини преку шема за мрежно мерење, кодифицирана во јуни оваа година.
Според најновите статистички податоци на Меѓународната агенција за обновлива енергија, балканската земја имала инсталирано енергија од само 3 MW до крајот на 2019 година, за да во наредниве години таа се зголеми на фантастични 340 MW.
Кај нас постои неверојатен интерес од огромен број на фирми заинтересирани за инвестиција во овој сектор, додека соседите интересот и желбите практично ги претвораат со реализација на убавата енергетска прикаска.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *