Airlander 10 – воздушни бродови кои ги намалуваат емисиите на јаглерод до 90%
За многу децении летањето од А до Б значеше седење во метален сад со мали прозорци – неопходност, но не секогаш задоволство, додека во развојот на Ерландер, целото искуство е пријатно и користењето претставува вистинско задоволство.
Ерландер 10 е хибриден електричен прототип на ХАВ, кој нуди прозорци од подот до таванот со неверојатен поглед и пристап, со директна патека до секој патник во пространите кабини.
Во своето соопштение за јавноста, компанијата со седиште во Велика Британија именуваше низа маршрути од град до град, кои се надева ќе почне да ги сервисира од 2025 година.
Проценето е дека 47% од регионалните летови на авиони ги поврзале градовите оддалечени помалку од 350 км. објави Гардијан. Но, поради огромната потрошувачка на гориво (и емисиите на јаглерод) вклучени во сите летови, овие кратки летови испуштаат многу стакленички гасови во атмосферата.
На Ерландерот 10 потребно ќе му биде многу помалку гориво во однос со конвенционалниот авион поради комбинацијата на „пловидбеното подигнување со помош на хелиум, аеродинамичката форма и векторскиот потисок“, изјави ХАВ за Си-Ен-Ен.
Со префрлување на овие пократки патувања од авиони до воздушни бродови, ќе се произведат 90 проценти помалку емисии на јаглерод.
Вкупното време на патување во воздушниот брод хибрид-електричен, за 100 патници треба да биде „приближно исто“ со патувањето со авион, ако се земе предвид времето од и до аеродромите, објави Гардијан. Она што не е исто е емисијата на СО2 по патник на воздушните бродови кога се споредува со млазен авион.
ХАВ исто така обезбеди споредби со другите начини на транспорт како што се автомобил и воз. На пример, за да стигнете од Сиетл до Ванкувер, вкупното патување со конвенционален авион би траело нешто повеќе од 3 часа време на летот и ќе произведе 53,15 кг СО2 по патник. Истото патување со автомобил би траело 2,5 часа со еколошка цена од 23,62 кг СО2 по патник. Возовите траат двојно повеќе од тоа време, или 5 часа, со помалку од една третина од цената на јаглеродот, 7,75 кг СО2 по патник. А летот со Ерлендер 10 трае скоро најдолго, 4 часа, но со најмалку јаглерод цена, 4,61 кг СО2 по патник.
Значајната предност е во тоа што не мора да се потпира на аеродромската инфраструктура. Воздушните бродови можат да полетаат и слетаат од било која разумна рамна површина.
Фокусот ќе биде да се поврзат градовите оддалечени неколку стотини километри.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ
Контакт: 075 480 380
0 Comments