На врвот на овој пеколен лавиринт од цевковод е кенискиот геотермален проект „Олкарија“.
Со 86 MW, експанзијата Олкарија VI ќе го поттикне вкупното производство на проектот на 791,5 MW. Тоа е околу 27% од целата енергија во Кенија, според КенГен, парадржавната компанија што работи со Олкарија. Кенија се потпира на геотермалната пареа за 38% од својата моќ – поголем процент од која било друга нација.
Кога Олкарија VI ќе заврши, тоа ќе биде најголемата геотермална централа во светот.
Во реонот се појавуваат силни експлозии ослободувајќи пареа и висока топлина од длабочината на Земјата. Но, далеку уште помоќна е пареата што не ја гледаме, онаа што поминува низ километарски цевковод, која моќна енергија поминува низ турбините, генерирајќи чиста енергија што ќе истекува со милиони години.
На глобално ниво, геотермалната енергија е индустрија од 4,6 милијарди американски долари, со повеќе од 500 електрани кои електрифицираат милиони домаќинства низ Југо-источна Азија, Северна Америка, Европа и пошироко. Геотермалната енергија е вториот најраспространет извор на енергија во светот зад соларната, која ослободува огромни количини на топлина, без оглед на сезоната и времето.
Областа околу Олкарија е преполна со природни геотермални отвори, како што се овие, каде пејсажот изгледа како подземјето да врие.
Околу 3.000 километри во длабина се наоѓа јадрото на Земјата, со температури повисоки и од површината на Сонцето. Таа топлина патува нагоре низ густите слоеви од планетата Земја, до најоддалечениот слој – кората.
Како што се движат тектонските плочи, тие предизвикуваат пукнатини – прекини во земјината кора, што овозможуваат подземните води да се помешаат со супер-загреаните карпи, претворајќи ја во пареа. Овие пукнатини создаваат патеки до површината на Земјата, каде што формираат топли извори, гејзери или геотермални отвори за пареа.
Искористувањето на оваа енергија за електрична енергија е многу едноставно, во процес каде водата се одделува од пареата која се носи до турбината која ротира и генерира електрична енергија.
Кенија е осми најголем производител на геотермална енергија во светот, зад нации како што се САД, Филипини, Индонезија, Турција и Нов Зеланд, али затоа се веќе пред Исланд и Јапонија, а се очекува да ги престигне Мексико и Италија откако ТЕ Олкарија VI ќе биде ставена во функција.
Некои од најголемите светски иновации се создадени случајно, а ова можеби е најновото што ќе се додаде на таа листа. Студентка на Универзитетот во Калифорнија во Ирвин случајно открила батерија на полнење која може да Read more…
Хемиски инженери од École polytechnique fédérale de Lozanne (EPFL) развија транспарентна, порозна и спроводлива електрода на соларна енергија, која користи влезен проток на влажен воздух за производство на H2. Подлогата на електродата е тродимензионална мрежа Read more…
Европската вселенска агенција (ESA) преку проектот SOLARIS ги истражува сите иновативни технологии кои можат да се користат за примена на сончевата вселенска енергија во пракса, односно безжично пренесување на која било област на Земјата. Еден Read more…
0 Comments