5 предвидувања за корпоративниот пазар на обновлива енергија во 2021 година

Published by admin on

Како се приближуваме до 2021 година, ова се новите предвидувања кон кои ќе се стремат сите заинтересирани за обновливи извори на енергија, како резултат на ангажман на технолошките титани: Амазон, Епл, Фејсбук, Гугл и Мајкрософт.
1. Како што новата технологија за обновлива енергија завзема сериозно место во развитокот на енергетската индустрија, овие гиганти не се единствените кои сериозно го разбрале забрзаниот развој на оваа технологија, туку и огромен број на други корпоративни партнери кои забрзано ги реализираат своите проекти за набавка на електрична енергија од обновливи извори.
Само пред неколку недели, група водечки компании за соларна и обновлива енергија и трговски заедници покренаа иницијатива која ќе ги развие конкретните чекори за зголемување на разновидноста на работната сила и вклучување во целата индустрија.
2. Повеќе компании ќе ја зацртаат својата цел да користат што повеќе енергија од обновливи извори, за да во најскоро време постанат што повеќе 100% комплетно енергетски независни со помош на обновлива енергија за своите потреби, додека фосилните горива би биле само како евентуално надополнување за своите потреби во критична ситуација.
3. Повеќе компании ќе се обврзат да ги намалат штетните емисии од категорија 3.
Емисиите од категорија 3 се оние предизвикани од производството и употребата на производите на компанијата и често се најголемиот извор на емисии на една компанија кои сочинуваат 75% од вкупниот процент на создадени емисии. За разлика од оваа категорија, емисиите од категориите 1 и 2, фирмите може нивното штетно дејство да го намалат преку мерки за енергетска ефикасност и инсталирање на системи на обновлива енергија, додека емисиите од категоријата 3 се надвор од директната контрола на компаниите, па затоа најтешко се намалуваат. Поради постигнување на овие ефекти глобалниот пазар на енергија е трансформиран како никогаш досега во корист на обновливите извори.
4. Во 2021 година корпорациите нема само да изведуваат проекти од соларни и ветерни системи, туку исто така ќе реализираат разни проекти за складирање на таа енергија. Ова се прави се со цел за единствена можност за откуп кога цените на електричната енергија се ниски а се продаваат кога цените на електричната енергија се високи, што им овозможува на трговците на ел. енергија да ја наплатат разликата и воедно да ја балансираат потребата на енергија во секое време кога ќе се користи чиста енергија, кога ветерот не дува и сонцето не грее. Ова е особено важно за кога најмногу се користат фосилните горива, што значи складирањето во голема мера ги намалува штетните стакленички емисии.
5. Потребата за нови и брзи решенија ќе поттикне нови иновации во енергетскиот сектор.
Бирократскиот процес за склучување на договори за набавка на електрична енергија од ветерни, соларни и хидро системи трае премногу долго, за да се задоволат потребите на големите корпоративни купувачи на обновлива енергија. Многу амбициозни цели за самоодржливост на технолошките компании се поставени да бидат реализирани до 2030 год. Една деценија изгледа како долг период, меѓутоа за да се развие ваков моќен систем потребно е соодветно техничко време за да се развие, проектира, финансира и изгради комплексен проект за обновлива енергија. Константно се потребни нови свежи идеи како да се забрза постапката и рализацијата од самите технолошки титани или пак од сите други учесници на пазарот за да се забрза процесот.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *