4,35 MW Соларни покриви кофинансирани од народот на Франција

Published by Zoran Mitreski on

Дама Енерџи и Банк Палатин ги извршија договорите за финансирање на соларните покриви Ла Кукурд (3,05 MW) и Валреас (1,3 MW) во Јужна Франција.
„Ние сме многу задоволни од оваа нова соработка со Banque Palatine во финансирањето на соларни покриви во Франција. Развојот на соларната енергија останува од суштинско значење за да се достигнат целите на јаглероднизацијата во Франција а воедно преку соларните покриви помагаат да се популаризира обновливата енергија “, рече заменик-извршниот директор на Дама Енерџи, Никола Фаскел.
Изградбата на соларните кровови ќе започне во јули, а завршувањето е предвидено за почетокот на 2022 година. Соларните паркови ќе произведуваат годишно околу 5,7 GWh, што е еквивалентно на домашната потрошувачка на 1.200 домови. Изведбата на соларните системи на покривите добија поволни тарифи преку повик за тендери организирани од Француската Регулаторна Комисија за Енергетика.
Соларните покриви Ла Кукурд и Валреас ги ангажираат локалните граѓани во одржлив развој преку финансирање на средства. Заедно, беа собрани 490.000 евра преку локално финансирање за овие проекти.
Според огромната заинтересираност за ваквите системи од страна на граѓаните од Македонија, овој систем би бил перфектен за изведба на покривите од нашите куќи, каде доколку регуларот би ја копирал ситуацијата како што е во Бугарија, каде секое заинтересирано физичко лице може да инсталира фотонапонска моќ до 30 kW, за разлика од безначајните 4 kW што наводно се регулирани кај нас.
Само со малку поголема желба, разбирање и предприемништво, енергетската слика може да ни биде наместо увозно ориентирана да постани извозна, плус со изведба на голем број на системи на покриви од фирми – можеме да бидеме како Саудиска Арабија на балканот.
Можности има многу, само доколку постои желба за реализација од надлежните функционери и институции, кои никако да се ослободат од стегите на бирократските правила на владеење.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *