Анализа на стандарден и хибриден фотоволтаичен систем

Published by admin on

Фотоволтаичните системи имаат историја повеќе децении, меѓутоа заземаат посилен замав од пред петнаесетина години. Поради намалувањето на производствената цена во денешно време овие системи наоѓаат огромна примена во замена на енергенсите од фосилни горива.
Според парискиот договор во 2016 година 196 земји се имаат обврзано за до 2030 година енергенсите кои произведуваат СО2 бидат заменети до 80%, а до 2050 година тој однос да биде 100%.
Првите фотоволтаични модели беа со единечна моќ на панелите од 75, 100, 150W итн. со коефициент на ефикасност од 8-10% за да денес ги имаме со единечна моќ од 550-600W, а во најскоро време се очекуваат новите најавени од 800W итн. со коефициент на ефикасност над 22%.
Постојат поликристални и монокристални модули кои имаат разлика од околу 10% во ефикасноста во корист на монокристалните, меѓутоа и цената им е скоро за толку повисока во однос на поликристалните, кои во принцип се инсталираат во региони со повисока надворешна температура.
Најново на пазарот се таканаречените PVT хобридни модули, каде во телата од стандардните фотоволтаични модули се интегрира термички систем во истата единица, така да овие нови хибридни системи имаат можност за истата инсталирана површина да обезбедат електрична енергија а воедно и топла техничка вода со температура до околу 55 Целзиусови степени.
Овие системи ја подобруваат ефикасноста од стандардните фотоволтаични модули за 20% поради константното одведување на топлината создадена од околната средина и од работната температура создадена од самите панели, додека во однос на стандардните термички соларни панели, со хибридните системи се добива 3 пати поголема количина на топла техничка вода.
Фотоволтаичните системи функционираат најефикасно во температурниот дијапазон од минус 25 до плус 25 Целзиусови степени. Ваквите комбинирани системи се идеални како најново решение кое е супер ефективно на сите места каде имаме потреба од електрична енергија и во исто време топла техничка вода.
Овие системи се најефикасни кога се комбинираат со топлотни пумпи во склад со фотоволтаичниот, термичкиот и топлотниот дел кои создаваат перфектни услови за добивање на максимална ефикасност и искористеност, при тоа што не постои поевтино производство на електрична и топлотна енергија од ваквата комбинација.
За што подолготраен живот на целиот систем важен е изборот и на инвертерскиот дел – уреди кои ја трансформираат енергијата од панелите и ја интегрираат во главната енергетската мрежа.
За најдобра ефикасност многу важна улога има локацијата на инсталирањето.
Во Македонија постојат неколку зони со различно сончево зрачење па према тоа и различно производство на енергија создадена од овие системи, и тоа се движи во границите од 1,350 – 1,600 kWh/m2.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *