Цени за полнење на електричните возила низ светот
Цените на комуналните услуги што се наплатуваат за електрична енергија варираат различно во различни делови на светот, исто како и цените на бензинот.
Сепак, електричните возила се поевтини за возење според поминати километри скоро насекаде, благодарение на далеку поголемата ефикасност на електричниот мотор и фактот дека и регионите со високи цени на електрична енергија имаат тенденција да имаат високи цени на бензинот, и како грубо правило е дека возењето со EV треба да чини околу една третина од она што го чини возењето со возило на бензиски погон.
Направена е инфо графика според коштањето на полнење на моделот Тесла 3 со батерија од 100 kW.
Најевтино место за полнење е Чиле, која земја е благословена со изобилство на хидро и термална енергија.
Просечната тарифа на електрична енергија во јужноамериканската земја е 0.077 USD/kWh, што чини само 2.7 USD за да возите со вашиот Тесла 3 растојание од 100 милји (156 km).
Двете земји со најскапа енергија во светот Германија и Данска, се лидери во производството на енергија од обновливи извори.
Во Германија денес обновливите извори сочинуваат 41% од вкупното производство на ел. енергија и полнењето на Тесла 3 кошта 0.33 USD/kWh за 156 km или тоа е 12.74 USD за управување на возилото до 156 km.
Во Данска која може да се пофали со најголем удел во енергијата на ветерот во светот, полнењето кошта 0.34 USD/kWh а возењето со истиот модел на автомобил кошта 13.13 USD за 100 милји (156 km).
Цената на енергија во секоја земја варира од 20-30% во зависност од кој трговец ја купувате таа енергија, али во секој случај најевтина верзија за полнење е ако се има свој соларен систем и сопствен полнач за вашиот автомобил, која цена е драстично поевтина отколку во било кој друг случај и во било која земја.
Цената денес на курсната листа за доларот е USD / EU = 0.82 или USD / MKD = 51. 12
0 Comments