Остров обезбедуван со обновлива енергија уште од 2008 година

Published by admin on

 

Островот ЕИГ во Шкотска е првиот остров во светот што се напојува единствено од обновлива енергија уште од 2008 година.
Пред 2008 година островот од 19 км2 кој е 24 км оддалечен од копното, ја добиваше сета своја енергија од гласни и миризливи дизел генератори.
105-те жители на островот одлучија системот да го префрлат на обновлива енергија, во комбинација на ветер, хидро и соларна енергија, пренесена во високонапонска подземна мрежа која ја напојува целата заедница – домови и бизниси.
Оттогаш доаѓаат разни истражувачи од целиот свет за да откријат дали моделот на островот може да се зголеми за да одговара и на други места.
Во просек снабдувањето со обновлива енергија е до 95%, додека другите 5% ги добиваат од резервните генератори.
Имаат 4 ветерни турбини монтирани на карпа на врвот од островот, кои внесуваат 24 kW во подземната мрежа.
Иако Шкотска е позната по ветровитото време, турбините не се секогаш во можност да функционираат со полн капацитет, па поради тоа тие имаат на располагање дополнителни уште 2 други системи.
На северниот дел од островот се инсталирани фотоволтаични панели со капацитет од 50 kW, кои во текот на годината поради скоро константното облачно време обезбедуваат само околу 9.5% од потребната енергија, која е најефикасна во мај, јуни и јули.
Сепак тие неколку ефективни часови преку денот се доволни за да ги наполнат батериите кои ги користат во ноќните часови за време на овие месеци.
Третата и последна компонента на овој систем за обновлива енергија се трите хидроелектрични генератори кои создаваат енергија од проточната вода од блиските извори.
Тоа е огромен извор на енергија за островот во текот на зимските месеци.
Водата што паѓа со пад од 330 м ја користат трите генератори со вкупна моќ од 110 kW.
На располагање како резервна алтернатива ги користат двата генератори од 80 kW за полнење на батериите и обезбедување на енергија кога времето не дозволува енергија од ниту еден од системите.
Системот е управуван од луѓето на островот, од кои никој од нив нема електро квалификации.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *