Поевтино е да се изградат нови соларни централи, отколку да се сервисираат постројките за јаглен
Најновите светски анализи ги споредуваат нивелираните трошоци за енергија за различни технологии од најновата генерација, кои се базираат на USD/MWh, каде покажуваат дека обновливите извори на енергија, поточно соларните и ветерните системи се економски фаворити на инвеститорите.
Без да се земат во предвид било какви субвенции, цените на горивата, јаглеродот, соларните системи со кристален силициум, како и ветерот имаат најниски трошоци од сите разгледувани извори.
Според тоа анализата покажува дека трошоците за работа како и трошоците за изградба на нови објекти од обновлива енергија, наспроти работењето на постојните фосилни и нуклеарни системи, е неспоредлива од економски аспект во корист на обновливата енергија, а да не се набројуваат низата на еколошки причини во загадувањето на човековата околина и воздух кој сите ние го дишеме и бесповратно ги уништуваме нашите организми.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ
0 Comments