Масачусетс ќе постави соларна бариера за бучава долж автопат
Сончевата бариера за бучава долга 2,280 м. и висока 20 м. се очекува да генерира 802.000 kWh годишно, или еквивалент на снабдување со електрична енергија на 120 домови годишно, избегнувајќи приближно 1.4 милиони СО емисии.
Таа ќе биде монтирана на северната страна од патот со поглед према јужната, изградена од бетонска основа.
Одделот за транспорт на Масачусетс го започнува овој проект за соларна звучна бариера на автопатот, за кој велат дека е прв од ваков вид на западната хемисфера.
Уште во 2015 година, Ko-Solar и неговите партнери пристапија до MassDOT за да разговараат за концептот на фотоволтаични звучни бариери (PVNB). MassDOT се согласи со овој пилот PVNB проект долж меѓудржавниот пат 95 во Лексингтон, Масачусетс.
Постоечката бариера за бучава ќе биде доградена во PVNB, која ќе биде изградена и финансирана во партнерство со Solect Energy, со седиште во Масачусетс.
После комплетирањето на овој систем следат и многу други соларни бариери низ патиштата на Масачусетс, кои ќе бидат мулти функционални.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380
0 Comments