Со планот за реструктуирање на милиони работни места во Австралија кои во овој момент се во опасност од исчезнување, се очекува економијата да создаде 1.8 милиони нови можности за вработувањa во наредните 5 години во рамките на обновливиот сектор.
Проектите кои се однесуваат на развојот на електропреносната мрежа, проширувањето на големо производство на ел. енергија од сонце, ветар и вода, како и производството на батерии, ќе доведат до создавање на огромни можности за вработување во производството на зелената енергија.
Во планот се предлага широк спектар на мерки што можат да создадат нови можности за вработувања кои ќе бидат многу поефикасни за целата заедница отколку вработувањата во секторот за фосилни горива, така да со тоа многукратно ќе го намали и дејството од емисиите на штетните материи.
Со овој план и мерки планирана е инсталација на дополнителни 9GW инсталирана енергија од обновливи извори со цена по kWh која би била фиксна за подолг период.
Со ваков вид на мерки пренесени и во нашиот систем, би се вработиле огромен број на млади луѓе, кои поголемиот дел од нив личниот спас го гледаат единствено во заминување во било која западноевропска земја.
ОБОЕНИ ФОТОВОЛТАИЦИ ВО ФАСАДНА ФУНКЦИЈА Истражувачите од Фраунхофер Институтот за системи за соларна енергија развија нов процес на обложување за производство на соларни модули во боја. При интегрирање на фотоволтаиците како обвивка на зградите, архитектите Read more…
Заедно со индустриските партнери, Fraunhofer ISE разви ново решение за метализација на соларни ќелии. Со новиот процес на печатење, овој процес е побрз за фактор 1,5. Заедно со системите за автоматизација Asys, Fraunhofer ISE разви Read more…
Научниците од Истражувачкиот институт за соларна енергија (SERI) на Универзитетот Кебангсаан во Малезија развија техника за пасивно ладење за фотоволтаични модули заснована на употреба на ладилници со повеќе нивоа со алуминиумски перки кои се применуваат Read more…