Во Кина претставен ел. автомобил кој пречистува воздух
Како да не се сами по себе доволно добри, Хедервик студио дизајнира нов концепт на електрично возило кое пречистува воздух, пренесуваат светските медиуми.
Ова студио е со дејност на дизајни со иновативни одржливи, еколошки и прилагодиви решенија, а освен фасцинантните јавни згради и објекти во своето богато портфолио сега ги додаваат и електричните автомобили.
На дизајнерите не им беше доволно да создадат било каков електричен автомобил, туку возило кое ќе биде корисно за животната средина, па оттука е создаден нивниот првенец како воздушен филтер на четири тркала.
Концептот Аира, како што го нарекуваат неговите дизајнери, по прв пат е претставен на 22 Април 2021, на саемот на автомобили во Шангај.
Овој модел опремен е со најмодерниот ХЕПА филтер, кој ќе го користи протокот на воздух низ возилото во движење и при тоа ќе го прочистува воздухот.
ХЕПА филтерот се карактеризира со висока ефикасност во пречистувањето на ПМ2.5 честички, полен, прашина и непријатни мириси користејќи ја најновата технологија на активен јаглен, а филтерот ќе биде идеален за пречистување на издувните гасови и од другите возила.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ
Контакт: 075 480 380
0 Comments