Трошоци на електрично наспроти моторно возило

Published by Zoran Mitreski on

Tрошокот за поседување автомобил е далеку поголем од неговата набавна цена. Трошоците како гориво, одржување и поправки се зголемуваат со текот на времето.
Ендрју Барнам од Националната лабораторија Аргон е коавтор на неодамнешниот извештај за вкупните трошоци при сопственост на возилото.
„Во текот на животниот век на возилото, одржувањето и поправката за автомобил на бензин може да биде околу 23.000 евра, а тоа е значителна висока сума“, вели тој.
Но, тој вели дека овие долгорочни трошоци обично се помали за електричните возила.
Електричните возила имаат помалку делови за сервисирање, бидејќи не им требаат сензори за кислород, свеќички, моторно масло, ремени итн. Тимот на Бурнам процени дека планираното одржување за целосно електрични возила чини околу 40% помалку отколку за автомобилите на бензинско гориво.
„Постои потенцијал за големи заштеди на одржување и поправка во текот на животниот век на електричното возило наспроти бензинското“, вели тој.
Возачите на електричните возила исто така можат да заштедат многу пари на гориво.
Иако почетната цена на ЕВ може да биде повисока, Бурнам вели дека купувачите на автомобили треба да гледаат подалеку од куповната цена на нов автомобил. Вреди да размислите колку возите, колку долго планирате да поседувате автомобил, како и други фактори кои одредуваат колку ќе ве чини возилото со текот на времето.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *