Того во чекор со енергетската револуција

Published by Zoran Mitreski on

Населението во Тогоанската Република (Того) е приближно 8,42 милиони луѓе.
Во 2018 година, само 51,32% од луѓето во овој дел од Субсахарска Западна Африка имаа пристап до електрична енергија.
Во 2019 година, економијата на Того беше рангирана на 158 место по бруто домашен производ (БДП) во светот. Економијата на земјата зависи од извозот на суров памук, калциум фосфати, кафе и какао.
Владата следејќи ја политиката за животна средина во 2016 година го потпиша Парискиот договор за клима, со која се обврзува на безусловно намалување на емисиите на стакленички гасови од 11,4% до 2030 година.
Во 2018 год. владата на Того објави стратегија за електрификација, која ја постави националната цел за универзален пристап на електрична енергија до 2030 година.
Во 2019 год. државната компанија за електрична енергија Кампања Енерџи Електрик ду Того имаше инсталирана моќност од само 230 MW и воглавно користеше нафта 71,3% и обновлива енергија 28,7% за производство на енергија за вкупните потреби на Того.
Соларната и хидро енергијата се примарни извори на обновлива енергија во земјата.
Неодамнешните проекти за обновлива енергија во Того вклучуваат:
1. Соларен проект од 50 MW – во март 2021 година беше пуштена во употреба сончевата централа Шеик Мохамед Бин Зајед во регионот Блита, во центарот на Того.
2. Агриволтаичен проект – во март 2021 година, британската компанија „Бобокс“ и француската компанија „ЕДФ“ објавија дека планираат да инсталираат системи со пумпи за вода на соларен погон за 5.000 фарми низ целата земја.
3. Проект за биомаса – германскиот центар за истражување на биомаса продолжува да работи со Универзитетот во Того во Ломе на пилот-проект за биогас. Пилотот ќе продолжи до крајот на 2023 година.
Того е земја богата со потенцијал за обновливи извори на енергија вклучувајќи: соларна, хидроенергија и биомаса. Таа е меѓу најсиромашните земји во светот, така да ќе биде потребна значителна меѓународна помош доколку оваа земја се обиде да ја исполни целта на Парискиот договор за клима, истовремено обезбедувајќи електрична енергија за сите луѓе во оваа прекрасна африканска земја.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ И ПОЛНАЧИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА КАКО И НИВНО ОДРЖУВАЊЕ
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите