Полинализатор – подлога во соларните системи

Published by admin on

„Енкор“ фирма за обновлива енергија и „Гринбекер“ објавија нов договор за завршување на 14 соларни проекти со вкупен капацитет од 28 MW со земјена вегетација наменета за опрашување. Оваа иницијатива се базира на неодамна објавеното партнерство и нуди единствена можност да се обезбедат над 200 хектари живеалишта потребни за зголемување на популацијата на опрашувачи како пчели, пеперутки и многу други видови на корисни инсекти.
Овие важни видови, клучни за здравјето на нашето идно снабдување со храна, се намалуваат од широко распространетата употреба на инсектициди и хербициди.
Ова ќе помогни за развој на здрави популации на опрашувачи со разновидна мешавина од природни треви и цветни растенија.
На ваков начин постануваме добри управувачи на земјата при што се намалуваат емисиите не само на јаглерод, туку и активно се раздвојува јаглеродот низ биомаса на овие повеќегодишни растенија со длабоки корени.
Повисоките трошоци за поставување на чакална подлога на земјата, во овој случај се компензираат со долгорочни заштеди за управување со вегетацијата. Земјиштето што е погодно за опрашувач на соларни места, исто така, овозможува здрава подлога на растенијата што ја засенува почвата, создавајќи поладни услови на земјата што можат да ги ублажат негативните ефекти на топлината врз производството на сончева енергија.
Конечно и локалните заедници околу овие проекти ќе имаат корист, бидејќи истражувањата покажуваат дека сончевите локации пријатни за опрашувачи можат да ги зголемат приносите на некои блиски култури.
При ваквите системи иновативно и продуктивно се користи почвата под и околу соларните панели – каде земјоделците имаат можност за одгледување на многу хектари бобинки, овоштарници, зеленчук, како и одлични услови за медоносните пчели, добиточна храна со полен и нектар за да илјадници овци уживаат во квалитетната растителна храна.
Научниците предвидуваат земјоделците и другите сопственици на земјишта да изнајмат повеќе од 2 милиони хектари земја за фотоволтаични соларни проекти до 2030 година – зголемување од околу 300.000 хектари повеќе отколку што е денес.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите