Берлинска енергетска компанија разви решение за полнење и наплата на електричните возила со енергија, со користење на електронска мобилна наплата.
Возачите си носат свој сопствен кабел за приклучок и интегриран мерач за електрично полнење, приклучен на специјален контакт на одредени столбови за улично осветление.
Корисниците склучуваат договор со провајдер за користење на ел. енергија преку апликација од нивниот мобилен телефон.
Со овој софтвер се овозможува наплата на сите трансакции од било која приклучна точка од каде е направено надополнување на ел. енергија (kWh) за нивното електрично возило.
Бидејќи технологијата за комуникација и наплата е интегрирана во кабелот и уредот за полнење, се овозможува да се изгради инфраструктура практично насекаде по многу разумна цена, избегнувајќи ги скапите уреди за полнење на електричните возила.
Интелигентните приклучни уреди се достапни во различни варијанти интегрирани во самостојните столбови за улично осветлување или пак други урбани решенија.
На овој начин, соодветно место за полнење на електричните возила е достапно во секоја ситуација, во секое време и на секое место.
Некои од најголемите светски иновации се создадени случајно, а ова можеби е најновото што ќе се додаде на таа листа. Студентка на Универзитетот во Калифорнија во Ирвин случајно открила батерија на полнење која може да Read more…
Хемиски инженери од École polytechnique fédérale de Lozanne (EPFL) развија транспарентна, порозна и спроводлива електрода на соларна енергија, која користи влезен проток на влажен воздух за производство на H2. Подлогата на електродата е тродимензионална мрежа Read more…
Европската вселенска агенција (ESA) преку проектот SOLARIS ги истражува сите иновативни технологии кои можат да се користат за примена на сончевата вселенска енергија во пракса, односно безжично пренесување на која било област на Земјата. Еден Read more…