Лебдечки соларни системи
Хидроцентралите се важен дел во глобалното обезбедување на електрична енергија од водните ресурси, но со новите решенија од обновливи извори може да се понуди многу повеќе.
Како идеално решение се разгледуваат слатководните резервоари за хидроенергија кои се во моментов инсталирани низ целиот свет и нивниот потенцијал за сместување на пловечки соларни фотонапонски панели на површината на водата.
Овие системи овозможуваат создавање на соларна енергија во текот на денот, додека хидроенергетските системи складираат вода и енергија за употреба во периодите на најголемата побарувачка.
Овие би се приклучиле на постојните трафостаници што ги користат хидроцентралите и може да произведат 7,6 – 10 TWh електрична енергија на годишно ниво, без вклучување на енергијата што доаѓа од хидроенергетските постројки што веќе се во функција.
Ова е монументално решение, имајќи во предвид дека побарувачката на електрична енергија за целиот свет беше нешто повеќе од 22,300 TWh во 2018 год.
Ваков систем е инсталиран само на една локација во светот, како пилот проект на браната на реката Рабагао во Португалија. Составен е од 840 соларни панели кои покриваат 2.500 м2 и има проценет капацитет за производство на енергија од 300 MWh.
Студиите покажуваат дека мора сериозно да се разгледува потенцијалот на ова скоро непостоечко решение, каде мора да се земат во предвид и проценката на локалитетите, бидејќи некои од нив можат да бидат суви во одредени периоди од годината и да бидат несоодветни за лебдечки фотоволтаици.
Според светските анализи има скоро 380,000 други резервоари низ целиот свет, кои би можеле да бидат опремени со овие лебдечки фотонапонски системи.
0 Comments