Италијанската влада превзема сериозни активности за помагање со субвенции
ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА ПРЕВЗЕМА СЕРИОЗНИ АКТИВНОСТИ ЗА ПОМАГАЊЕ СО СУБВЕНЦИИ ВО ИНСТАЛАЦИИТЕ НА ФОТОВОЛТАИЧНИТЕ СИСТЕМИ КАЈ ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА СО 50 – 100% ОД ВКУПНИТЕ ТРОШОЦИ.
Во 2019 год. Италија бележи зголемување од 69% на соларни фотоволтаични инсталации во однос на претходната година со додадени 737.5 MW нов капацитет.
Со ова се постигнува кумулативниот капацитет на сончевата енергија во Италија на 20.9 GW заклучно со 31.12.2019.
Ова е најзначајниот период од 2015 год. до кога беа инсталирани само 298 MW.
Сепак, минатата година имало вкупно 56.590 нови инсталации од кои 50.653 инсталации на покривни површини од физички лица со инсталирана моќ до 10 kW.
Што се однесува до инсталациите кај правни лица инсталирани се околу 1.702 системи од 20 – 100 kW, 314 системи од 100 – 200 kW, 189 системи од 200 – 500 kW, 21 системи од 500 – 1.000 kW и 17 системи со инсталирана моќ над 1 MW.
Се препорачуваат високоефикасните монокристални модули кои овозможуваат зголемување на ефикасноста, излезната моќност и произведената енергија, што е особено важно при инсталација на покривите и еволуција во развојот на модули на бифацијални келии.