И Руанда не надмина во својата ефикасност

Published by admin on

Населението на Република Руанда е приближно 13.04 милиони луѓе. Во 2018 год. само 34.7% од луѓето од оваа источно-централна африканска земја имаат пристап до електрична енергија.
Во 2018 год. економијата на Руанда беше рангирана на 143-то место според бруто домашниот производ (БДП) во светот. Економијата на земјата е во голема мера зависна од земјоделството и извозот на кафе, чај и руда од калај.
Во 2016 год. Руанда го потпиша Парискиот договор за климатски услови, со кој се обврза да ги намали емисиите на стакленички гасови до 2030 год. а само во 2020 год. се постигнати 38.5% од вкупното производство договорено до 2030 год..
До 2017 год. Руанда имаше инсталирано само 216 MW капацитет за производство на ел. енергија што се однесуваше на 58.3% од обновлива енергија, 27.8% од нафта и 13.9% од природен гас.
Хидроцентралите, сонцето и биомаса се примарни извори на обновливива енергија во Руанда.
Во 2020 год. Руанда доби 150 милиони долари од светската банка за спроведување на владиниот проект за пристап до енергија и подобрување на квалитетот, од што 75 милиони како грант и 75 милиони како заем, дизајниран да го зголеми пристапот до електрична енергија и распоредување на соларните системи во руралните области.
Власта на Руанда започна амбициозен план за обезбедување на универзален пристап на сите области за електрична енергија до 2024 год.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *