И Индија навреме го фати возот за соларни системи
Индиските железници се најголемиот корисник на електрична енергија во земјата, со 2.4% од вкупната потрошувачка и трети по големина како корисници на дизел гориво, со потрошени 2.6 милијарди литри годишно.
Во фаза се во опремување на 960 свои станици со соларни системи со 198 MW покривни и уште 550 MW инсталирани на земјена површина, кои забрзано работат за комплетирање на системите до крајот на 2022 година.
Нивната цел е комплетирање на систем со моќ од 20 GW до 2030 година, со што ќе постанат НУЛА производители на СО2, при што за оваа намена ќе се опфатат над 51.000 хектари од индиското крајбрежно слободно земјиште.
Се очекува веќе од 2023 година железницата за своите потреби да функционира 100% со своја сопствена електрификација создадена исклучиво од фотоволтаичните системи.
0 Comments