Додека ние сеуште сме опседнати со тезите нашите – вашите, некои други истражуваат интергалактички цивилизации

Published by Zoran Mitreski on

Кина, во средата официјално го отвори најголемиот светски телескоп со еден отвор за астрономите ширум светот. Кина тврди дека тој е најчувствителниот телескоп во светот.
Овој сферичен телескоп со отвор од 500 метри ќе може да покрие двојно поголема површина од претходните радио телескопи и неговите отчитувања ќе бидат 3-5 пати поточни. Името на овој телескоп е Тијанан, што на кинески јазик значи „око на небото“.
Овој џиновски телескоп на Кина се наоѓа во Даоданг, Гуижоу, југозападна провинција на земјата. Телескопот беше целосно оперативен во јануари 2020 година а сега е пристапен за научните потреби на астрономите ширум светот кои можат да ги користат услугите преку специјални интернет линкови. За комплетирање на овој телескоп беа потребни 5 години.
Кинеската влада изјави дека овој телескоп обезбедува стабилна и сигурна услуга уште од самото основање со надеж скоро да открие живот во друг свет.
Од август странските астрономи ќе можат да го користат овој телескоп. Астрономот Ханганг Тонгџи од Природно Научниот Универзитет во Пекинг е главен научник на овој проект.
Тој раскажа дека се пронајдени многу разни сигнали што можат да не наведат кон живот во други светови и тимот е силно возбуден и со нетрпение очекува да го испита а и докаже тоа.
Телескопот беше предложен уште во 1994 година ама конечно беше одобрен во 2007 година. Има 4.500 триаголни панели од 27,5 метри кои заедно имаат форма на сад.
Исто така постои и мрежница од 33 тони која виси на висина од 350-400 метри.
Радиусот од 4,68 км што го опкружува е целосно евакуиран за да нема никакво радио мешање.
Покрај наоѓањето живот на вонземјани, телескопот ќе проучува и други космолошки димензии како што се пулсари, црни дупки, гасни облаци и галаксии.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ
Контакт: 075 480 380
zmitreski@efixelectrical.com.mk

 

Categories: Сите

%d bloggers like this: