Додека мечките спијат само една сезона, како изгледа, ние ги преспиваме сите годишни сезони
За да се реализира планот за НУЛА емисија на штетните СО2 гасови, неопходно е преструктуирање на економијата на Австралија. Во планот е предвидено да се креираат нови 1.8 милиони нови можности за вработувања во следните 5 години, во рамките на секторот за обновливи извори.
Во планот е вклучена длабока анализа и предлози за изградба на подобро ефикасни енергетски згради, производство и рударство, транспорт, обновување на ресурсите, употреба на земјиште, обука за образование, истражување и заедници со нула јаглерод, а сето тоа се очекува да и помогне на нацијата да ја реализира транзицијата со помош на обновливата енергија.
Владата предлага премногу амбициозен план да инсталира 90 Гигавати од ветерници и соларни системи во наредните 5 години.
Проектите што се однесуваат на развојот на мрежата за пренос на електрична енергија неминовно мора да се надоградат а со проширување на зголеменото производство на ветерници и батерии сигурно ќе доведат до создавање на големи зелени можности за вработувања.
Владата планира да ги покани сите лидери во инвестициите, бизнисот и индустријата за да ги поттикне предложените идеи за што побрза и квалитетна реализација, затоа што преку нив се препознаваат низата мерки кои забрзано ќе можат да создадат огромен број на нови вработувања, кои ќе придонесат за поголема исплатливост отколку што моментално се случува во секторот на фосилните горива, како и позитивниот ефект кој неминовно придонесува за намалување на штетните јаглеродни емисии.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ
Контакт: 075 480 380
0 Comments