Авто станици за брзо батериско полнење со соларен покрив
Ланецот на автомобилски паркови EnBW кој е нов предводник на станици за брзо полнење на ел. возила, само за период од еден месец го отвори третиот авто парк во Рутесхајм (Германија), со осум приклучни точки за полнење со можност за двојно зголемување, во близина на клучката на автопатот Леонберг, непосредно пред Штутгарт, со 300 kW напојувана од 100% зелена електрична енергија.
Доволно е само 5 минути на полнење за да се добие возење на дополнителни 100 km.
Во однос на удобноста, новиот парк за полнење EnBW се развива во модерна инфраструктура за полнење: големата настрешница нуди засолниште од временските услови во секое време, а привлечното осветлување и видео надзорот обезбедуваат релаксираност и безбедност на патниците дури и во ноќните часови. Јавен WLAN овозможува да испратите брза е-пошта или да уживате во некоја забава додека возилото се полни.
Освен овој парк EnBW располага со над 400 локации низ Германија за брзо полнење на електричните возила, со план во скоро време таа бројка многукратно да се зголеми.
Локациите се долж рутите на автопатите, во центрите на градовите, како и до сите места каде им се потребни на возачите.
Се планираат вакви паркови на уште 15 локации низ целата држава, наменети за сервисирање на возилата низ автопатиштата во Германија, со станици за брзо полнење на ел. евтомобили, кои стојат рамо до рамо со конвенционалните пумпи за гориво.
Компанијата до 2025 година планира да потроши скоро по 100 милиони евра годишно, во понатамошно проширување и во просек ќе се отвара секој ден по една нова локација за брзо полнење.
EnBW Hyper Netz им овозможува на возачите на ел. возила пристап до најголемата мрежа за полнење во Германија, Австрија и Швајцарија, покрај повеќе од 100.000 точки за полнење во шест европски земји, вклучувајќи ги и Холандија, Франција и Италија.
0 Comments