Австрија прифаќа 100.000 апликации во шемата за субвенција на соларна енергија
Околу 90.000 од прифатените апликации во последната рунда на австриската шема за субвенции дојдоа од сопственици на куќи, а приближно 30.000 апликанти вклучуваат инсталација на батерии.
Австриската енергетска агенција, OeMAG, одобри околу 90.700 апликации кои доаѓаат од сопствениците на куќи во овогодинешниот прв круг од шемата за субвенции за изведба на фотоволтаици и складирање во батерии. Во оваа бројка се вклучени и апликациите заостанати од претходната година, кои беа повторно поднесени и се однесуваат на ФВ системи со големина не поголема од 20 kW.
Понатаму, Министерството одобри уште 9.300 апликации кои се однесуваат на ФВ инсталации со капацитети од 20 kW до 1 MW. Покрај тоа, беа прифатени уште 33.000 апликации за системи со складирање во батерии.
Првата шема има буџет од 323 милиони евра а вкупно буџетот за оваа година изнесува 600 милиони евра.
Австрија достигна 4,2 GW кумулативен ФВ капацитет на крајот на декември. Минатата година, таа распореди околу 1,4 GW соларна енергија, од кои повеќето благодарение на поддршката обезбедена од шемата за владиниот попуст.
Симптоматично е што сите земји се борат за надминување на оваа светска енергетска криза со начини кои се најдобри за целиот систем со инсталирање до 20-30 kW, додека нашите одговорни функционери сметаат дека само до 6 kW инсталирана моќ, потполно е доволна да не извади од оваа наметната енергетска кризна ситуација.
Консултација, Проектирање и Изведба на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380
0 Comments