10 причини зошто обновливите извори се нашата идна реалност
„Изгубивме премногу време во напорите да се справиме со глобалното затоплување и седум милиони смртни случаи од загадување на воздухот што се случуваат секоја година, не фокусирајќи се доволно на корисни решенија“, рече Марк Џејкобсон, директор на програмата за атмосфера, енергија и професор по граѓанско и инженерство на животна средина на Универзитетот Стенфорд.
За да се промени оваа ситуација креаторите на политиките ширум светот силно се повикуваат да обезбедат спроведување на овие решенија во следните 10 -15 години, затоа што во спротивно ќе се најдиме во точка без враќање.
1. Бројни студии испитале системи за обновлива енергија во региони, земји и ширум светот и откриле дека тие системи се потполно функционални не само за обезбедување на електрична енергија, туку и за обезбедување во потполност на целата енергија.
2. Трансформацијата во 100% обновлива енергија може да се случи побрзо од сегашните очекувања: енергетскиот сектор може да се трансформира до 2030 година, а другите сектори наскоро потоа. Со политичка волја, се чини дека е можна трансформација на глобалниот енергетски сектор до 2030-35 година.
3. Електричната енергија од 100% обновлив систем ќе чини помалку отколку од сегашниот енергетски систем. Вкупната цена на енергијата на 100% обновлив систем ќе биде пониска од цената на конвенционалната енергија, дури и ако ги исклучиме социјалните трошоци.
4. Вкупните социјални трошоци (енергија, животна средина, клима и здравствени трошоци) за 100% обновлив систем ќе бидат драстично пониски од досегашните. Колку побрзо постигнеме 100% обновлив систем, толку побрзо ќе се реализираат овие заштеди!
5. 100% обновлив систем може да ги снабдува регионите, земјите и светот со сигурност (24-7) со енергија по ниски трошоци.
6. Потребен ќе биде масивен редизајн на глобалниот енергетски систем, вклучително и зголемување на енергетската ефикасност на сите нивоа.
7. Сонцето и ветерот ќе бидат клучните столбови на снабдување со енергија, плус флексибилност во многу форми, особено складирање, секторско спојување, управување со одговор на побарувачката, интеграција на мрежата од големи и мали размери.
8. Студиите се согласуваат дека електричната енергија ќе заземе масовно зголемување на учеството (околу 80-95%) во глобалното снабдување со енергија. Електрификацијата ќе резултира во вишок евтина чиста, обновлива енергија, зголемувајќи го просперитетот за целото човештво.
9. Сите наши студии покажуваат дека создавањето на новиот 100% обновлив систем ќе биде во корист на светската економија. Тоа ќе стимулира инвестиции од трилиони долари и ќе создаде милиони нови работни места низ целиот свет. Чистата, обновлива енергија ќе создаде богатство и обезбеди поттик за секој сектор на глобалната економија.
10. Ваква брза трансформација е неопходна за да се запрат 7 милиони смртни случаи на човечки животи што се случуваат годишно денес во светот од загадување на воздухот, да се забават растечките штети поради глобалното затоплување и со тоа да се избегне климатската катастрофа и обезбеди одржлива енергетска безбедност за идните генерации.
До денес, 11 земји достигнаа или надминаа 100% обновлива електрична енергија; 12 земји усвоија закони за достигнување на 100% обновлива електрична енергија до 2030 година; 49 земји усвоија закони за достигнување на 100% обновлива електрична енергија до 2050 година; 14 сојузни држави и територии на САД донесоа закони или извршни наредби да достигнат до 100% обновлива електрична енергија до 2030 до 2050 година; над 300 градови ширум светот донеле закони за достигнување на 100% обновлива електрична енергија најдоцна до 2050 година; и над 280 меѓународни бизниси се обврзаа на 100% обновливи извори во текот на нивните глобални операции.
Трансформацијата во 100% обновливи извори е можна и не зависи од никој друг туку само од самите нас.
0 Comments