Најефектни фотоволтаични системи
Најефектни фотоволтаични системи се хоризонталните системи со една оска, кои ги наведнуваат редовите на панели со ротација од исток кон запад.
Моменталната контрола, системите за управување со моторот и останатите функционални компоненти овозможуваат создавање на највисоки возможни соларни приноси.
Системите за следење се достапни како униаксијални или биаксијални системи.
Една оска се навалува хоризонтално, при што се озрачуваат панелите што се наоѓаат према исток при изгрејсонце, и потоа го следи сонцето кон запад во текот на денот.
Ова хоризонтално движење го следи часовниот агол на сонцето (азимут).
Другата оска ротира во вертикална насока и го следи издигнувањето на сонцето т.е. ја зема во предвид висината на сонцето во однос на хоризонтот.
Овој систем овозможува панелите да примат што повеќе сончева светлина, а со тоа се произведува поголема електрична енергија во однос на фиксните јужно ориентирани системи.
Поради долгиот работен век на панелите кои се дизајнирани да работат над 50 и повеќе години, системите за следење мора да бидат стабилни за лесно ракување, калибрација и дијагностика за сите решенија.
Секој систем се состои од комплекс на механички и електронски системи за следење на движењето на сонцето.
Со ваков ротирачки систем за разлика од фиксните системи инсталирани на земја или на покривна површина, се добива разлика во производство на електрична енергија повеќе од 30%.