Конструиран мотор со енергенси кои Македонија ги има во изобилство
Израелската компанија MayMaan Research LLC, основана од 81 годишниот инженер – ветеран Јехуда Муели и неговите двајца синови, разви систем за управување со традиционален клипен мотор со комбинација од 70% вода и 30% етанол (или кој било друг алкохол), со што традиционалното фосилно гориво што се користи во автомобилите ќе стане минато.
Обидот да се замени фосилното гориво со еколошка алтернатива не е нов, и сите досегашни обиди за популаризирање поради едноставноста, ефективноста и невериојатно ниската цена за експлоатација, мистериозно исчезнуваа заедно со нивните креатори а причините на сите нас ни се добро познати.
Смесата на вода и етанол се претвора во чисто гориво во комората за согорување на моторот.
Кога се појавува согорување, процесот ги придвижува клиповите, што резултира со многу голем вртежен момент во широк опсег на вртежи во минута на моторите.
Системот ќе биде до 60% поефикасен од бензинот или дизел горивото.
Неговата цена ќе биде повеќе од половина во однос од денешните фосилни горива и се разбира ќе испушта значително помалку јаглерод диоксид.
Напорно експериментираа шест години во нивната гаража со планови кои се чуваа во најголема тајност низ фазата на развој, со цел некој да не ја украде нивната идеја.
Цело време биле под превезот на тајноста и дури сега ја откриваат оваа нивна тајна во јавноста, затоа што решиле дека сега е вистинското време за да се разголи вистината и да му се даде на светот на знаење дека такво решение постои – рече Јехуда Шмуели во новата сторија напишана во Ерусалим Пост.
Тие тврдат дека секој автомобил може да се прилагоди на овој прототип и да се модифицира според спецификациите на автомобилот, без поголеми промени во постојниот систем за довод на гориво.
Да се надеваме дека оваа иницијатива доколку е целосно реална, ќе се оформи и рафинира со помош на моќни инвеститори, со надеж дека наскоро ќе биде масовно прифатена на глобално ниво.
0 Comments