Возило на електричен погон кое никогаш нема потреба да се полни
Соларното возило на електричен погон АПТЕРА, ви овозможува домет од 72 км на ден во идеални услови без надополнување од мрежата (што е повеќе од двојно од просечната дневна километража на американските сопственици на автомобили) и може да биде опремен со батерии што дозволуваат до 1.600 км помеѓу приклучувањата на долги патувања.
Откако електричните возила за прв пат се појавија на пазарот се поставува неизбежното прашање зошто немаат покрив од соларни панели, а одговорите секогаш биле исти дека не произведуваат доволно енергија за нивно беспрекорно функционирање, но со изведба на нивна лесна конструкција и супер аеродинамични форми, сончевиот покрив ќе ви овозможи доволно енергија за типично дневно возење.
Моделот е доста провокативен и исмеван од автомобилскиот свет поради дизајнот во споредба со класичните автомобилски модели.
Неговите производители тврдат дека неговите 180 мали соларни панели, кои сочинуваат површина повеќе од 3 м2, ќе соберат доволно енергија со која што може возилото да биде во возна функција со години а притоа да не се потроши ниту денар во надополнување на енергија во батериите.
Целосно е конструиран од композитни материјали од јаглерод / кевлар / лен во сендвич конструкција, што го прави многу лесен и супер силен.
Излезот на електрична енергија е од околу 50 kW и постигнување на брзината од 0 – 96 km/h што ја постигнува за 3.5 секунди а како максимална брзина може да се достигне до 177 km/h. Може да се комбинира надоградување на батерии до 100 kWh со можност за максимално возење до 1.600 km.
Неговата цена се двоижи од 25.900 – 46.900 USD во зависност од вградените опции.
0 Comments