Изведба на PV системи на покривна површина
Соларната PV инсталација на покривните површини може да се дефинира како електрична индукција што ја трансформира сончевата енергија во електрична енергија.
Не е потребен посебен интелект за да се разбери колку е важно да се свртиме кон одржливи извори на енергија, наместо да продолжуваме да се потпираме на неодржливи и скапи системи.
Најважната предност што го нуди фотоволтаичниот систем изведен на покривна површина е тоа што е многу економичен и со реално најбрз повраток на инвестицијата на инвеститорот. Бенефитот на компаниите е што купуваат помалку ел. енергија од мрежата, а главниот носител на енергија е сопствената произведена енергија од овие системи. Тарифите за ел. енергија од страна на главниот добавувач на енергија, имаат тенденција за доста промени во вредностите во различните периоди и години, така што постанува тешко да се процени трошокот за ел. енергија за одреден временски период во иднина, за разлика од сопствената ел. енергија произведена од сончевите системи изведени на покривите. Цената на генерираната енергија може лесно да се испланира, како и да се проценат трошоците за производство на ел. енергија за неколкуте години што доаѓаат. Према тоа нема сомнеж дека ова е сигурна и безбедна инвестиција. Во последнава година со надоградување на Законот за Енергетика, неколку домашни комерцијални банки располагаат со финансиски средства од одредени финансиски европски фондови, наменети за енергетски проекти за комерцијални цели, со тоа што се мотивирани правните лица да инвестираат со голема сигурност и без сомнеж во исплатливоста на овие системи.
0 Comments