Соларните системи во служба на овоштарството

Published by Zoran Mitreski on

BayWa и Fraunhofer институт за системи за соларна енергија, заедно со други истражувачки партнери, го изградија првиот Агро-ФВ истражувачки објект за јаболка и други видови на органско овошје на фармата Нахтвеј во Гелсдорф во Рајнланд-Пфалц. Тоа е прв објект од ваков вид во Германија. Вкупната пробна површина на истражувачкиот проект „Агро-ФВ овоштарство“ опфаќа околу 9 декари, инсталиран е Агро-ФВ систем со моќност од 258 kWp на 1/3 од површината на локацијата.
Општата цел на проектот, кој е финансиран од Министерството за животна средина, енергија, храна и шумарство на Рајнланд-Пфалц и Федералното Министерство за храна и земјоделство, е да се зголеми отпорноста на климата во овоштарството и да се обезбеди безбедно и одржливо производство на јаболка со дополнително производство на соларна енергија.
Во рамките на проектот, кој трае вкупно пет години, треба да се истражат бројни фактори на осум сорти јаболка.
Проектот прво го споредува производството на јаболка на иста локација под три различни системи за заштита на културите: заштита од дожд, заштита од град со фиксни проѕирни ФВ модули и ротациони ФВ модули. Целта е да се испита степенот до кој Агро-ФВ системи можат да ги заштитат растенијата и плодовите од штетните влијанија на животната средина, како што се град, силен дожд, изгореници од сонце, мраз или екстремни температури.
Понатаму, ќе се тестира до кој степен различното управување со светлината преку различни конфигурации на ФВ модули имаат влијание врз растот на растенијата и земјоделските приноси, како и испитување во однос на естетиката на пејзажот, економската ефикасност, социјалната компатибилност и параметрите за растително производство.
Потенцијалот и синергиите за Агро-ФВ во комбинација со јаболко, круша, цреша, киви и други постојани култури може да бидат значителни. Со ова се обидува трајно да се искористи овој потенцијал и да се овозможи понатамошно проширување на фотоволтаиците без ограничување на приносите во земјоделството со цел да се покажат економски придобивки за земјоделците. Тие вклучуваат трајно пониски и попресметливи трошоци за енергија, пониски инвестициски трошоци за заштита на посевите и пониски трошоци за влез и отстранување на отпадот.
Истражувачкиот проект не е наменет само да покаже начини за намалување на емисиите на CO2 во земјоделството, туку и да се избегне употребата на краткотрајни материјали и употребата на пестициди и фунгициди, со што ќе се придонесе со значаен придонес во заштитата на климата.
Електричната енергија произведена од Агро-ФВ систем може да се користи повеќенаменски: oд една страна, батерискиот електричен трактор Fendt 100 Vario обезбеден од AGCO GmbH се полни со електрична енергија од системот а од друга страна енергијата се користи за снабдување на системот за наводнување, како и за ладилниците. Севкупно, имплементацијата на оперативниот енергетски концепт има за цел значително да ги намали емисиите на CO2 на фармата преку соларна електрификација.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *