Алиса – луксузен авион на чудата со електричен погон
Компанијата Евиација со седиште во Вашингтон се подготвува за првите пробни летови на својата прекрасна Алиса, целосно електричен луксузен авион со 9 седишта, со импресивен опсег од 814 км. од едно полнење на огромните 820 kWh пакет батерии.
Компанијата вели дека штотуку е доставена испораката на својот прв електричен мотор, една од трите единици на погон „Магникс“, што Алиса ќе ги користи за напојување на своите три мотори, по еден на крајот на секое крило и трет на опашката.
Прототипот е секако впечатлив авион, кој изгледа како од вселенско доба со својата голема опашка и импресивно дизајниран труп. Дизајниран е да превезува екипаж и патници со брзина на крстарење до 403 км /ч, а од Евијација велат дека слабиот излез на бучава од неговиот електричен погон ќе даде солиден придонес кон факторот на удобност во задниот дел .
За секој електричен авион, 814 км е прилично солидно растојание во овој момент, и за да се справи со тоа Алис треба да носи монструозно моќна литиум-јонска батерија од 3.200 кг. вклучувајќи ја и останатата пропратна опрема, што е повеќе за 3.720 кг. од половина од леталото со вкупна тежина од 6,668 кг. која е максимална тежина при полетување. Во неговата конструкција се употребени лесни композитни материјали за да се компензира тежината на батериите.
Евијација вели дека Алис и другите рани модели на авиони на електричен погон, слично како и електричните автомобили, најверојатно ќе бидат поскапи во самиот почеток отколку што се цените од традиционалните авиони на фосилни горива, поради високата цена на литиумските батерии – но нивните огромно намалени трошоци за одржување и гориво ќе ги направат многу поевтини и поефикасни за краток период.
Евијација се обложува дека нема да помине премногу долго пред авионите со фосилни горива да бидат надминати во секој поглед, барем во оваа класа со големина и кратки летови до 814 км. или помалку.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ
Контакт: 075 480 380
0 Comments