Зошто кај нас не се копираат ваквите позитивни идеи?

Published by admin on

Со планот за реструктуирање на милиони работни места во Австралија кои во овој момент се во опасност од исчезнување, се очекува економијата да создаде 1.8 милиони нови можности за вработувањa во наредните 5 години во рамките на обновливиот сектор.
Проектите кои се однесуваат на развојот на електропреносната мрежа, проширувањето на големо производство на ел. енергија од сонце, ветар и вода, како и производството на батерии, ќе доведат до создавање на огромни можности за вработување во производството на зелената енергија.
Во планот се предлага широк спектар на мерки што можат да создадат нови можности за вработувања кои ќе бидат многу поефикасни за целата заедница отколку вработувањата во секторот за фосилни горива, така да со тоа многукратно ќе го намали и дејството од емисиите на штетните материи.
Со овој план и мерки планирана е инсталација на дополнителни 9GW инсталирана енергија од обновливи извори со цена по kWh која би била фиксна за подолг период.
Со ваков вид на мерки пренесени и во нашиот систем, би се вработиле огромен број на млади луѓе, кои поголемиот дел од нив личниот спас го гледаат единствено во заминување во било која западноевропска земја.
Categories: Сите