Визионерството на Хенри Форд пред 80 години за еко материјали

Published by admin on

 

HEMP CAR или кола направена целосно од смеса на пластика и коноп, имала вграден мотор кој целосно функционирал на гориво произведено од коноп, конструирана во 1941 година од Хенри Форд.
Имајќи предвид дека денес официјално нема такви автомобили каде моторот работи на гориво од коноп, ова изгледа како некоја фантастика од минатото, поради фактот што фосилните горива целосно ја превзеле доминантноста како погонско гориво во сите индустрии.
Дали ни беа потребни цели 80 години за човештвото да се свести дека целата планета се угуши од гасовите создадени од овие фосилни горива, проследена со огромен број на болести и смртни случаи како последица од нив, за да денес сфатиме колку ни е потребна енергијата од еколошки и природни енергенси.
Идејата на Хенри за ваков автомобил од канабис била како одговор на проблемите од 40-тите години од минатиот век, а главната причина била Втората Светска Војна.
Воените активности доведоа до глобален недостаток на челик, кој на крајот беше рацинализиран во изградба на воени бродови, тенкови и друга воена машинерија на кои им беа неопходни сите расположиви ресурси на челик.
Хенри, самиот страствен земјоделец, виде голем потенцијал во експериментирање со различни растенија, така да верувал дека пластичниот автомобил во комбинација со канабис е 10 пати поцврст, побезбеден, со значително намалената тежина во споредба со металниот, како и неговото верување дека опасностите поврзани со фосилните горива се многу големи, кои како што изгледа дури во денешно време владите од сите земји на глобално ниво тоа сериозно го сфатија и почнаа со воведување на рестрикции и истражување со други соодветни алтернативни енергетски решенија.
Една од примарните причини зошто денес нема повеќе информации за автомобилот со коноп е затоа што оригиналниот рецепт е уништен и повеќе не постои.
Теоријата зошто не се продолжила технологијата со коноп било завршувањето на војната, така да лобито на тогашните моќниците од металната и нафтената индустрија направија се само да ја наметнат нивната технологијата која им носи огромно богатство.
Во претходниве години направени се неколку успешни обиди да се реконструираат некои модели од постоечките брендови, како и авиони со мала снага и носивост, кои со успешност го имаат повратено рецептот за производството на конструкција со коноп како и за погонско гориво.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *