Високо технолошки портал помеѓу Полска и Литванија

Published by Zoran Mitreski on

Во Вилниус е откриен видео портал во реално време, кој ги поврзува локалните жители со полскиот град Лублин.
Во рамка од сив бетон, виртуелниот мост им овозможува на жителите на литванската престолнина да видат и визуелно да комуницираат со минувачите што стојат на „другиот крај“ на порталот, оддалечен повеќе од 550 километри.
„Порталот е мост кон единството, покана да се издигнеме над предрасудите, над несогласувањата што припаѓаат на минатото, тоа е покана да се издигнеме над илузијата за нас и нив“, рече Бенедикташ Гилис, претседател на Фондацијата „Бенедикташ Глис“ и авторот на проектот ПОРТАЛ.
„ПОРТАЛ потсетува дека не смееме да дозволиме пандемијата да ги прекинува контактите меѓу соседите, да ја поткопа солидарноста и меѓународната соработка“, рече Кшиштоф Становски, директор на Центарот за меѓународна соработка и поранешен заменик министер за надворешни работи на Полска. „Со учество во проектот, ние сакаме да ја потсетиме и истакнеме историската улога на градовите во градењето простор на слобода и толеранција“.
Двете структури од типот Хари Потер тежат по 11 тони, а вкупно чинат 111 000 фунти. Проектот беше делумно финансиран од литванските и полските општини, како и Фондацијата Бенедикташ Глис, откако победи на конкурсот со цел да го промовира туризмот во главниот град на Литванија.
Во иднина, се планира да се изградат и портали што ќе ги поврзуваат Вилниус со Рејкјавик и Лондон.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *