Велика Британија – соларен парк без субвенции 350 MW

Published by admin on

Соларниот парк Клив Хил во областа Кент се состои од 880.000 модули и ќе придонесе за секторот за ниска јаглеродна енергија од 2 милијарди евра, кој ќе обезбедува до 91.000 домаќинства со зелена електрична енергија.
Проектот од 450 милиони фунти ќе се гради без владина субвенција на 364 хектари земјиште во Кент, на растојание помалку од 100 километри јужно од Лондон.
Планот е да се етаблира овој соларен парк како еден од најефикасните производители на електрична енергија во Велика Британија. Покрај тоа, пионерскиот проект ќе даде значителен придонес за намалување на зависноста на Велика Британија од фосилни горива и намалување на емисиите на СО2 за околу 68.000 тони годишно.
Планираната изградба започнува во пролет 2021 год. со намера да биде завршен до мај 2022 година, и при тоа ќе обезбеди чиста, обновлива и достапна соларна енергија од голем обем, водејќи го патот кон целта на Велика Британија на нето-нулта емисија на СО2 до 2050 година.
Во проектот е предвидена ориентација на модулите исток – запад, со тоа што системите ќе генерираат 44% повеќе ел. енергија отколку што е тоа можно на истата локација со јужно ориентирани модули.
Оваа пресметка се заснова на анализа на зрачење, што претпоставува дека локацијата ќе постигне 330 MW во ориентација исток запад со производство на 313 GWh на година, но само 178 MW во јужна ориентација со производство на само 217 GWh на година.
При изведбата и тековно одржување на системот е планирано вработување на над 47.000 работни места во синџирот на снабдување.
На оваа локација има соларнo зрачење од 1.000 – 1.150 kWh/m2, додека во Македонија имаме 1.250 – 1.600 kWh/m2 што се најмалку 50% подобри услови за инсталација на овие системи…
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *