Украинска експедиција пронајде изгубен подземен свет во пештера под антарктикот

Published by Zoran Mitreski on

Истражувачи од 24-та украинска експедиција на Антарктикот, успеаја да пронајдат пештера која одамна беше изгубена.
Подземната формација е трипати поголема отколку што се сметаше претходно во која има две езера и река, како што објавија на 10 септември службата за печат на Министерството за образование и наука на Украина.
Подземниот свет се наоѓа во пештера на островот Галиндез. Пештерата всушност била пронајдена одамна кога се одржале првите експедиции на Антарктикот, ама со текот на времето, експертите изгубија трага од пештерата и таа беше заборавена.
Влезот во тоа време беше од спротивната страна на островот и под врвот на глечер близу истражувачката база Вернадски. Сепак, глечерот се сруши, а влезот беше запечатен.
Началникот на 24-тата експедиција на Антарктикот, Игор Дики, објасни дека требало доста време да се најде повторно влезот на Пештерата.
„Имаше неколку неуспешни обиди да се најде од страната на Домот Ворди, поранешна британска база“, откри тој во изјавата. Овој подземен свет има три нивоа со вкупна ширина од околу 200 метри, каде има ледена река и две езера.
Покрај тоа, истражувачите тврдат дека откриле фосилни остатоци на птица, за која велат дека дефинитивно не е на пингвин.
Ова неочекувано откритие беше пренесено во Украина за понатамошно тестирање. Истражувачите исто така зедоа примероци вода од замрзната река и езера за хидрохемиска анализа и понатамошни студии за присуство на вируси и бактерии и нивната ДНК во животната средина. Примероците од мразот ќе бидат складирани за понатамошна анализа во украинските лаборатории.
Истражувачката база Вернадски, работи од 1996 година и е основана во 1953 година на островот Галиндез од британски истражувачи, кои првично ја нарекоа станицата Фарадеј.
Островот Галиндез му го должи своето име на командантот на корветата АРА Уругвај на аргентинската морнарица, капетанот Исмаел Галиндез.
Бродот ги спасил истражувачите од третата експедиција на Францускиот Антарктик, која го открила островот на почетокот на дваесеттиот век.
Истражувачката база Вернадски беше именувана по рускиот и украинскиот минералог Владимир Вернадски (1863–1945), кој беше првиот претседател на Националната академија на науките на Украина.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *