Температурен коефициент кај фотоволтаиците

Published by admin on

Температурниот коефициент станува важен фактор во одлуката за брендот на фотоволтаичните системи, и поради резултатот на климатските промени, коефициентот ќе биде се поважен фактор во одлучувањето на купување на овие системи.
Поради се повисоките летни температури, односот на зголемување на температурата на модулот и пониската моќност што директно произлегува од тоа, како и финансискиот ефект од понискиот коефициент на производство на ел. енергија, тој однос станува се поважен, додека преносот на енергија во далекуводните мрежи на повисоки температури е попродуктивен за соларните системи.
Најидеални сончеви реони се каде опсегот на температурата е од минус 25 до плус 25 целзиусови степени, така да при пониска од минималната и повисока од максималната температура, модулите трпат промени во коефициентот на нивното производство.
Температурниот коефициент на конвенционалните кристални модули е со загуба од 0.4 – 0.5% /С.
Ова значи дека за модул од 330 W со температурен коефициент од 0.5% ако се загрева од 25-26 целзиусови степени моќноста паѓа за 1.65 W, што е прифатливо занемарлива загуба.
Меѓутоа со зголемување на температурата до 60 С има намалување за 58 W и моќноста на модулот е само 272 W со загуба од 8.5% за модул од 330 W.
Гледајќи ја реалноста за почести топли лета неопходно е да се земи во предвид температурниот коефициент при изборот на модули. Анализата за добрата вентилација на модулите е исто така неопходна за сончевиот пренос.
Categories: Сите