Сончевите Хавајски Острови – пример од кој што можеме да учиме

Published by admin on

Островската држава со 1.4 милиони локални жители, далеку од останатиот т.н. цивилизиран свет, до 2020 година веќе реализира 34,5 % од вкупната потребна енергија од комбинирани обновливи извори, за да крајната цел до 2040 година им биде 100% реализирана од целосно чиста зелена енергија.
Хавајски Електрик, најголемата енергетска компанија, овој месец објави дека до крајот на 2020 година достигна 34,5 % обновлива енергија во Оаху, островот Хаваи и Мауи, со зголемено производство за 13% од претходната 2019 година.
Тој раст се совпадна со пониската побарувачка што произлезе од пандемијата на корона вирусите, што значи дека потребите на дел од потрошувачите биле помали од нормално.
Но, дури и ако потребите на потрошувачка би биле исти како за време на пред-пандемијата, претпријатието ќе ја надминеше целта со 32% обновлива електрична енергија, соопшти компанијата.
Министерството за Енергетика за островот Кауаи сè уште ги нема поднесено последните информации за 2020 година, но портпаролот Бет Токиока за Гринтек Медиа изјави дека резултатите веројатно ќе покажат дека од нејзината вкупна потреба на електрична енергија повеќе од 60 проценти е добиена од обновливи извори. Тоа ги надминува и условите на државата за 2020 година и стратешката цел за 50% обновливи извори до 2023 година, кое се очекува да биде реализирано многу побрзо од очекуваното.
Првите активности беа забележани во 2015 година, што хавајската влада ги разгледа како сериозна студија, а тој тренд веднаш подоцна го прифатија, Калифорнија , како и многу други бројни држави.
Хавајски Електрик е на добар пат да ја постигне крајната цел до 2040 година и колку што се приближуваат на реализацијата до 100%, поради оскудноста на слободна земјена површина задачата ќе биде се потешка.
Трошоците за испорака на јаглен, мазут и дизел на Хаваите кои долго време беа како основни енергенси, поради паѓањето на трошоците на соларната енергија и батериите, им овозможи на изведувачите да даваат се попривлечни понуди.
Повеќето соларни системи се инсталирани на покривните површини и поврзано балансирање со енергетската мрежа, додека биогоривата, хидро и геотермалната енергија е во опаѓање.
Новите инсталации на обновливи извори минатата година достигнаа 65,6 MW нов капацитет, далеку повеќе од сите останати национални проекти. 78 % од новите соларни инсталации се изведени во комбинација со батерии кои ги покриваат потребите во ноќниот период.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *