Соларен систем на 2.385 метри надморска височина

Published by admin on

Колиба, сопственост на австриски алпски клуб се наоѓа на надморска висина од 2.385 метри, во планината Ратикон над езерото Линзе. Инсталираниот фотоволтаичен систем не претставува никаков проблем, затоа што е употребен соодветен алуминиумски профил X50 кој има висока статичка носивост, отпорна на екстремните оптоварувања на ветер и снег. Конструкцијата е со статичка издржливост да издржи товари од снег до 1.400 кг/м2. Исто така поставувањето на каблите е такво да бидат отпорни на екстремно ниски температури и мраз.
Изведениот систем е со инсталирана моќ од 10 kWp, кои панели се монтирани паралелно со покривната површина при што се обезбедува добра задна вентилација на модулите, ориентирани према југ. Во комбинација со топлинска пумпа воздух – вода, и со вишокот на соларната енергија системот генерира доволно топлинска енергија за потребите на планинарите и алпинистите кои се чести посетители на овие алпски висини.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *