Складирање на електрична енергија во енергетски батерии

Published by admin on

 

Енергетската батерија од специјализирината фирма за складирање Е22, е произведена со ванадиум редокс, која веќе масовно почна да се продава низ Шпанија.
Тие тврдат дека нивните батерии без проблем може да се интегрираат во модуларен блок од 250 – 330 kW, со животен век на производот со над 12.000 циклуси со целосна моќност.
Шпанскиот снабдувач на гас и електрична енергија ‘’Натурџи‘’ ја поврза батеријата ванадиум редокс за потребите на своите ветерници Вега 1 и Вега 2 во Замора, источна Шпанија.
Батеријата модел VCUBE250, за време на своето работење и првите циклуси на полнење и празнење, ги регистрираше очекуваните капацитети и моќност, испорачувајќи ги своите 250 kW за првите 2,5 часа празнење.
Нивниот капацитет за складирање може да се продолжи од 2.5 – 10 часови, според гаранцијата издадена од производителот.
Батериите се монтирани во стандарден контејнер од 20 стапки, вклучувајќи алатки за далечинска дијагостика и континуирано следење на работата на системот.
Системот за складирање е прва батерија со ванадиум редокс, поврзана со фарма на ветер во Шпанија, која беспрекорно функционира и денес.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *